Менаџментот на Њукасл ја разгледува можноста поранешниот селектор на САД, Јирген Клинсман, да продолжи со кариерата во англискиот клуб во текот на летото.

Иако „страчките“ како приоритетната опција гледаат на продолжување на соработката со Рафаел Бенитез, чиј договор истекува на крајот од јуни оваа година, доколку Шпанецот го напушти клубот, може да биде наследен од Клинсман.

Јирген Клинсман беше поврзуван и со позицијата во Херта Берлин, но 54-годишниот стратег ги негираше овие информации.

Клинсман ги предводеше националните тимови на Германија и САД за време на Светското првенство 2006 и 2014 година, а исто така работел во Баерн Минхен.