Ферари ја подготвува првата наградба на болидот за време на сезоната со цел да го намали заостатокот зад возачите на Мерцедес. Ова го прават пред претстојното Гранпри на Азербејџан.

Причините се повеќе, проблеми во поставувањата, несигурност и грешки што доведоа најдобар резултат на италијанскиот тим во првите три трки сезонава да биде третото место.

За споредба, Мерцедес ги зазеде првите две места во секоја од трките во новата сезона и води со 57 поени во рангирањето кај конструкторите.

Првите три трки дефинитивно не се одвиваа како сакавме. Претстојното Гран При е многу важно за нас. Се подготвивме многу добро, ги анализиравме податоците кои ги собравме досега, ги проучивме областите во кои можеме да постигнеме напредок“, прокоментира шефот на Ферари, Матија Биното.