Поранешниот фудбалер на Барселона, Тотенхем и на Милан, Принс Боатенг, вели дека не умеел да ги цени парите што ги заработува и оти повеќе го интересирал лесниот живот.

Тој вели дека тренирал толку колку што било потребно и оти не сакал теретана по никоја цена што подоцна му се одразило на кариерата.

Тој во моментот настапува за Фиорентина и е задоволен што го нашол мирот за разлика од моментите во Англија.

Купив три автомобили во ист ден, Ламборгини, Хамер и Кадилак. Не играв, имав фамилијарни проблеми и среќата ја барав во материјални работи. Автомобилот ќе те усреќи на една недела па затоа купив три-се присетува фудбалерот.