Лигата на шампионите секогаш била од особено значење за екипата на Реал Мадрид, а тоа особено важи за оваа сезона. Па така, додека во домашното првенство Реал Мадрид се наоѓа во сериозна криза и во моментов е пласиран на шестата позиција, во своето омилено натпреварување „кралевите“ направија голем чекор напред. „Мадриѓани ја совладаа Рома на „Олимпико“ среде Рим со 2:0, со што го обезбедија првото место во групата и, многу веројатно, полесен противник во осминафиналето.

Натпреварот беше решен во второто полувреме, откако римјаните не успеаја да ја искористат подобрата игра во првиот дел. Такво нешто е непростливо против најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите, па уште на почетокот на второто полувреме Герет Бејл искористи една грешка на домашната одбрана за отворање на резултатот. Потоа следуваше и голот на Лукас Васкез, по што мадридскиот клуб без поголеми проблеми го приведе натпреварот кон крајот.

По поразот, фудбалерите на Рома може да побараат утеха во тоа што на едно коло до крајот и тие имаат сигурен пласман во осминафиналето, а тоа им го овозможи Викторија Плзен, којашто славеше на гости против ЦСКА Москва со 2:1.

Резултати од натпреварите

Рома – Реал Мадрид  0:2

ЦСКА Москва – Викторија Плзен  1:2

АЕК – Ајакс  0:2

Баерн Минхен – Бенфика  5:1

Хофенхајм – Шахтјор  2:3

Лион – Манчестер сити  2:2

Јувентус – Валенсија  1:0

Манчестер јунајтед – Јанг Бојс  1:0