Ирскиот ММА борец Конор Мекгрегор го привлече вниманието на овогодинешниот Супер Боул и тоа благодарејќи на својот син Конор Џуниор. Гордиот татко својот 18 месечен син го облекол во одело исто како неговото и така позираа пред фотографите.

Но, неговата среќа беше ставена на тест од една самохрана мајка. Имено, Мекгрегор наводно се соочил со обвинение од жена по име Тери Мареј, која тврди дека борецот е татко на нејзнината едногодишна ќерка, заради што бара од него да се подложи на ДНК тест како би се утврдила вистината.

Како што се очекуваше, Конор ги негира нејзините наводи и тврди дека жената спиела со неговиот пријател во Ливерпул во 2017 година. Своите кажувања ги потврди и со гестовите во јавност па така на Супер Боул се однесуваше како гласините да не го засегаат и дека во неговиот фамилијарен живот се е во ред.

 

View this post on Instagram

 

Thanks Atlanta for a great welcome and congrats to Brady and the Patriots on a Proper 12 win!

A post shared by Conor McGregor Official (@thenotoriousmma) on