Леброн Џејмс го претрпе најголемиот пораз во кариерата синоќа во НБА.

Индијана пејсерс го порази Лос Анџелес лејкерс со 136:94 со постигнување на рекордни 19 тројки за франшизата.

Ова е најголем пораз за тим во кој настапува Џејмс во текот на своите 16 сезони во лигата, а покрај Лејкерс, тој исто така настапи за Кливленд Кавалирс и Мајами хит.

Неговиот претходен најголем пораз беше 36 разлика во два наврата, од Вашингтон во 2008 година со Кливленд и од Сан Антонио во финалето на 2013 година со Мајами.

Покрај тројките, Пејсерс ја освоија битката благодарение и на грешките на нивните ривали, откако постигна 33 поени од 19 изгубени топки на „езерџиите”.

Во отсуство на Виктор Оладипо, најдобри во тимот на Индијана беа Бојан Богдановиќ со 24 поени (10/17 од игра, 4/10 тројка) со 5 асистенции, додека Мајс Тарнер додаде 22 поени.

Леброн беше најефикасен во Лејкерс со 18 поени (7/12) со 9 асистенции и 7 скокови, но исто така загуби и 6 топки.

Џавеил Мекги постигна 16 поени, 13 додаде Ленс Стивенсон, додека по 12 реализираа Кајл Кузма и Брендон Инграм.

Резултати од НБА:

Индијана – Лос Анџелес Лејкерс  136:94

Кливленд – Бостон  96:103

Њујорк – Детроит  92:105

Мемфис – Минесота  108:106

Оклахома сити – Орландо  132:122

Филаделфија – Торонто  107:119

Портланд – Мајами  108:118

Шарлот – Лос Анџелес Клиперс  115:117