Голманот на Реал Мадрид, Тибоут Куртоа, зборуваше за своето учество при израмнувањето на резултатот во самиот финиш од натпреварот од шампионатот на Шпанија со Валенсија.

Белгиецот при последниот корнер за Реал, го остави голот празен и отиде во шеснаесетникот на Валенсија. По нафрлањето од аголот, Куртоа ја зафати топката со глава, а во продолжение на акцијата Бензема постигна гол.

– Ја искористив својата висина. Јас сум висок два метри, така што противникот е нервозен кога ќе дојдам во неговото поле. Добро видов дека топката доаѓа кон мене, скокнав и шутнав кон противничкиот гол. Противничкиот голман одбрани, а во продолжение Бензема ги постави конечните 1:1, изјави Куртоа.

Белгиецот на почетокот на сезоната често беше критикуван за своите издание, но како одминува шампионатот во Ла Лига, тој е се посигурен и со нагорна линија на формата.