Кога Синиша Михајловиќ е на клупата Болоња победува. Тој и донесе важна победа против Аталанта во борбата за опстанок. Иако српскиот тренер се бори со леукемија и оди на тешки хемотерапии, кога состојбата му дозволува тој е со своите момци кои имаат дополнителна мотивација.