Во Приштина денеска е претставена студијата на новиот национален стадион кој ќе биде изграден во околината на главниот град и ќе прими 30 илјади гледачи.

Според косовскиот министер за спорт Кујтим Гаши, изградбата на стадионот ќе почне за неколку месеци, а во него ќе има и базен, хотел, паркови и ресторани, а кога во него ќе игра косовската репрезентација ќе биде осветлен со сина боја.

Претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми истакна дека новиот национален стадион има голема важност за граѓаните на Косово кои го сакаат фудбалот.

Косово фудбал последниве неколку месеци доживува вистинска ренесанса. Имено, репрезентацијата на оваа млада држава последните 14 натпревари ги одиграла без пораз, со што обезбедила најмалку бараж на квалификациите за Еуро 2020.