Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров по седми пат ќе игра на завршницата од Лигата на шампионите. Неговиот тим Нант се пласира на завршниот „Фајнал фор“ турнир, откако вчеравечер го елиминира фаворитот Веспрем со вкупен резултат 62:60, по четвртфиналните пресметки.

Лазаров е рекордер според бројот на настапи на Ф4, по седми пат ќе биде дел од турнирот на најдобрите четири. Македонскиот селектор е актуелен рекордер и по број на голови во елитното натпреварување.

Четириесет и едногодишниот Лазаров во „Ланксес Арената” во Келн на Ф4 играше во дресот на Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Нант, како и трипати со Барселона.

Во сезоната 2014/15 македонскиот ас стана европски првак, а уште трипати играше финале за европска титула.

Завршниот турнир на Лигата на шампионите сезонава се игра на 12 и 13 јуни во Келн