Култниот стадион во Барселона, „Камп Ноу“, ќе биде претворен во џиновски вакцинациски центар, објави „ТВ3“, откако здравствените власти го побарале тоа за да можат да спроведат брза и масовна имунизација на населението.

Според планот на шпанските здравствени власти, тие дневно сакаат да постигнат да вакцинираат по 150.000 луѓе, па за такво нешто ќе им бидат потребни џиновски објекти, а „Камп Ноу“ бил идеален за привремено од фудбалски храм да се претвори во вакцинациски центар.