Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, застана во одбрана на играчот од средниот ред на „Црвените ѓаволи“, Џеси Лингард, чија грешка резултираше со пораз од Јанг Бојс со 1:2 во натпреварот од 1. коло од групната Лига на шампиони.

– Ниту еден фудбалер не сака да греши, но тоа е дел од играта. Ќе учиме од ова, Џеси ќе учи од ова. Ќе се снајде и ќе биде подготвен до недела, кога играме со Вест Хем во Премиер лигата, го цитира Би-би-си, Солскјер.

Во петтата минута од судиското надополнување на натпреварот против Јанг Бојс одигран вчеравечер, при резултат 1:1, Лингард имаше неуспешно додавање пред својот гол, а неговата грешка ја искористи напаѓачот на швајцарскиот тим Џордан Сибачо, кој го совлада голманот на Јунајтед, Давид де Хеа