Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски ја имаше најспектакуларната одбрана во вчерашното коло од Лигата на шампионите. Тој во стилот на фудбалски голман на мечот на неговиот Порто против Пик Сегед се фрли во воздух го одбрани ударот и падна на паркетот за победа на домаќините.