Комисијата за заразни болести во понеделник ќе достави предлог до Владата да се забрани одржување на сите настани во Македонија, а меѓу нив се и спортските, па наскоро би можеле да видиме нова пауза во шампионатите.

Министерот за здравство на Македонија, Венко Филипче кажа дека мора да се применат нови мерки бидејќи се зголемува бројката на заболени во земјата.

„Разговаравме за дополнителни мерки. В понеделник ќе предложиме забрана за секакви настани во државата, со тоа ќе се намли бројката на заболени“, кажа Филипче.