Јувентус нема намера да се откаже од титулите освоени во 2005 и 2006 година, одземени по судски пат поради местење натпревари. Како резултат на скандалот Јувентус беше исфрлен во втората лига.

Клубот од Торино испрати жалба до Колегиумот на италијанскиот спортски трибунал и се надева дека доколку не ги вратат трофеите, тој од 2006 да не биде административно доделен на Интер.

Јувентус во следното коло од Серија А, во дербито ќе се соочи токму со Интер.