Хрватскиот играч од средниот ред, Иван Ракитиќ, досега не стартуваше на ниту еден од двата натпревари во шпанската лига во дресот на Барселона, со што јасно се укажува дека тој е ставен на продажба, пренесуваат шпанските медиуми.

Викендов, Барселона и Јувентус одржаа разговори во врска со евентуален трансфер на играчот во италијанскиот клуб.

Сепак, каталонците не ја прифатија понудата на италијанскиот шампион за „трампа“ на 31-годишниот Хрват за фудбалерот Емре Кан, како и паричен надоместок.

Вреднста на Хрватот на фудбалскиот пазар се проценува на околу 40 милиони евра.

Ракитиќ има важечки договор со Барселона до 30 јуни 2021 година.