Кадетската репрезентација на Македонија вечерва доживеа пораз со 22:31 од Јапонија во рамки на 5 коло на Светското првенство кое се игра во нашата земја.

Азијците поведоа на стартот со 0:6, а македонските ракометари цел натпревар го бркаа резултатот и се обидуваа да ја стигнат разликата, која така и не успеаја да ја анулираат до крајот.

Најдобар стрелец кај „жолто-црвените“ беше Костески со осум гола, а Серафимов помогна со четири гола.

На тој начин нашите млади ракометари групната фаза ја завршија со две победи (Бахреин и Нигерија) и три порази (Данска, Аргентина и Јапонија) и завршија како четврта.

По овој епилог на настаните, противник на Северна Македонија во осминафиналето ќе биде Поргугалија. Подобриот од дуелот ќе измери сили во четвртфиналето со Франција или Шпанија.