Шпанскиот тенисер е голем љубител на пловила. Тој реши да се поднови со нова јахта наречена „Sunreef“ која специјално за него се изработува во Полска.

Предвидена е за големи крстарења на отворено море и има два мотори со 1200 коњски сили.Долга е 24,4 метри и ќе има џакуси, шанк и голема спална.

Засега не се знае колку ќе чини но старата јахта Надал ја продава за 3.3 милиони долари.