Кралскиот клуб нема среќа на подготовките за новата сезона. Синоќа во пријателски натпревар примија седум гола од градскиот ривал Атлетико. По мечот Зидан беше бесен и нагласи дека не смее да се прими толку голови ни на тренинг а не пак на пријателски натпревар.

За да малерите по Реал Мадрид бидат поголеми. По Асенсио, се повреди и Србинот Лука Јовиќ. Засега не се знае колку повредата е сериозно и дали го чека подолга пауза.