Интер ја совлада Џенова на Горан Пандев со 4:0 во последното коло од италијанската фудбалска лига, но тоа не беше причина навивачите на нероазурите со громогласен аплауз да не го поздрават македонскиот репрезентативец.
Пандев ги имаше најблескавите моменти од кариерата во екипата од Милано. Со Интер ја освои и Лигата на шампиони.
Стрелци за Интер беа Галјардини два гола, Политано, Весино, Жоао Марио и Наинголан.