Кристијан Дисингер ракометарот кој од Кил гон засили македонскиот шампион Вардар денеска ќе го има воето деби.

Дисингер ќе настапи за Вардар против екипата на Мешков Брест во натпревар од Лигата на шампиони.

Тој ќе биде на местото на Вуко Борозан кој е суспендиран на еден натпревар.

Вардар и Мешков Брест играат од 17:30 во салата “Јане Сандански”.

Вардар е втор на табелата со осум бодови. Исто толку има и лидерот Барселона и третопласираниот Веспрем. Мешков Брест е шести со четири бода.