Вардар го доживеа првиот пораз во Лигата на шампионите (  25-31  ) и тоа може да кажеме сосема заслужено.Монпеље одржа вистинска ракометна лекција во „Јане Сандански и мора да се честита. Вардар вечерва едноставно немаше шанси а причини има неколку.

Навистина е неразбирливо зошто тренерот на Вардарци Веселин Вујовиќ толку форсираше играње без голман во ситуација кога нападот не беше најслабата карика туку токму голманската позиција. До влегувањето на Ристовски Монпеље речиси се што шутна погоди.

Гостите одиграа одлично и казнија речиси сè што можеше да се казни.

На овој меч најрасположени кај нашата екипа беше пивотот Тото и Дибиров на крилната позиција.

Кај гостите Вилмино беше одличен на кого мораше да се игра со фластер а не да се остава да се размавне од сите позиции.

Сепак ова не е ништо страшно, има уште многу да се игра во Лигата на шампиони и поразот треба да биде една добра лекција.