Полицијата мораше да реагира на натпреварот меѓу Босна и Херцеговина и Украина, бидејќи на трибините на стадионот во Зеница за малку не изби инцидент меѓу навивачите на двете репрезентации поради недоразбирање за знамето.

Организаторите на натпреварот донесоа контроверзна одлука да ги стават украинските навивачи и „БХ Фанатикос“ на речиси иста трибина.

Сотоа како да бараа инцидент а тоа и се случи кога Украинците го превртеа наопаку руското знаме за да  го навредат Владимир Путин.

Навивачите на Босна и Херцеговина тоа  не го толкуваа тоа така, мислеа дека Украинците вовеле српски симболи, бидејќи српското знаме превртено наопаку ги дава боите на Русија.

Општо познато е дека Украинците во последните неколку години на секој фудбалски натпревар го превртуваат руското знаме и со тоа ги навредувале „соседите“, но Босанците очигледно не биле информирани и мислеле дека станува збор за провокација со српски бои.