Грчката олиција едвај успеала да го контролира хаосот во Атина, а  уапсени се 96 хулигани. Покрај 87 хрватски државјани, уапсени се и пет Грци, еден Австриец, еден Албанец и еден Германец, како и еден навивач со документи од БиХ.

Јавноста во Грција се прашува како е можно толку голем број навивачи на Динамо да успеат да стигнат до Атина без да бидат запрени на пат од полициски сили кои знаеле дека УЕФА го забранила нивното присуство.

A eве како влегле. „Бед блу бојсите“ свесно ја заобиколиле Србија и Македонија бидејќи знаеле дека нивниот влез ќе ја алармира грчката полиција.Преку Босна, Црна Гора и Албанија преку граничниот премин Кавала влегле во Грција.

По веста за трагичната смрт на навивач на АЕК, реагираше и УЕФА која го одложи овој натпревар, а новите термини се 15 и 18 август.