За репрезентацијата на Луксембург вечерва против Србија ќе настапи Даниел Синани кој вели дека иако неговото презиме наликува на албанско тој не е Албанец туку Горанец.

Моите родители се од косовски Драгаш.Нормално е дека никој не ме знае во Албанија бидејќи не сум Албанец.Со Албанија немам ништо.Израснав во Србија и Луксембург и не знам Албански. Имав само пет години кога се преселивме во Луксембург и сум врзан за оваа држава-вели фудбалерот.