Георгина Родригес и откри на јавноста дека иако планира да се омажи за Кристијано Роналдо, тие двајцата во моментов имаат други, поинтересни планови.

Зборувајќи за „Медијасет“, Родригес се опишува себе си како обична девојка, која ужива во прекрасниот живот што го живее.

Од секогаш ја имав идејата да бидам среќна жена, со мојот сопруг и моите деца и јас практично тоа и го имам. Иако не сме во брак, тоа е дел од нашите планови, но засега имаме други поинтересни планови за иднината. Тој е човек што ме сака и се грижи за мене, а и јас го обожавам и се грижам за него. Среќна сум што го делам животот со него и со нашите четири деца и ние сме фокусирани на нив, да ги школуваме и да се грижиме за нив. Тоа ни е најважната работа во животот – изјави Георгина .