Домаќинот на Европското првенство за ракометарки, Франција го освои златниот медал, откако во финалето ја победи Русија со 24:21, полувреме 13:12.

Најефикасна во победничкиот тим беше поранешната ракометарка на Вардар, Александра Лакрабер, со шест погодоци беше

Најефикасна во селекцијата на Русија, водено и на натпреварот, беше Вјакирева со седум голови.

За „триколорките“ ова е првата титула европски шампион.

Русија е четирикратен светски првак, но и понатаму останува без европско злато. Досега има две сребра и две бронзи од континенталните шампионати.