Еден од репрезентативците на Македонија кој остави позитивен впечаток на бледиот настап во Египет, Филип Кузмановски доби позитивен тест на коронавирус по враќањето во Германија. Играчот на Хановер е тестиран по приклучувањето на екипата, а иако е позитивен нема никакви симптоми и здравствени проблеми. Сепак, тој ќе мора да биде во изолација 14 дена, доколку порано не добие два последователни негативни теста.