Фудбалерот за врска на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш рече дека е горд што ги брани боите на трофејниот англиски клуб.

– За мене е голема чест да играм во дресот со логото на Манчестер јунајтед. Историјата на овој фудбалски клуб беше изградена врз победи, многу победи. Дојдов тука за да помогнам да продолжам да го градам ова наследство. Нема да бидам мирен додека не го постигнам ова. Сакам да им се заблагодарам на сите фанови за извонредната поддршка. Се надевам дека ова беше само прва година заедно, напиша Фернандес на Инстаграм.

Манчестер јунајтед вечер од 21:15 часот го пречекува Саутемптон во натпревар од 22.  премиерлигашко коло