Лука Модриќ прогласен за најдобар фудбалер на светот

Хрватскиот интернационалец и член на Реал Мадрид, Лука Модриќ е избран за најдобар фудалер на светот за 2018 година. Во конкуренција беа Роналдо и Мухамед Салах. Токму Египѓанецот ја доби наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол и тоа за погодокот на мечот Ливерпул-Евертон постигнат на 10 декември минатата година.

Титулата тренер на годината ја понесе Дидие Дешамп, селектор на Франција кој освои златен медал на последното СП.

Куртоа избран за најдобриот голман во светот за 2018 

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа беше прогласен за најдобар на својата позиција за 2018 година на настанот „The Best“ на ФИФА. Белгискиот репрезентативец ги претекна Иго Лорис и Каспер Шмајхел, благодарение на одлично претставување на Мундијалот 2018. Таму „црвените ѓаволи“ стигнаа до бронзениот медал.

– Сакам да им се заблагодарам на сите што гласаа за мене. Немаше да ја добијам оваа награда без поддршката на моите соиграчи во Челзи, Реал и националниот тим, изјави Куртоа

Мбапе е најдобар млад играч

Ѕвездата на Франција и Монако, Килијан Мбапе ја доби наградата за најдобар млад фудбалер на Мундијалот 2018 во рангирањето „The Best“ на ФИФА

Напаѓачот победи во конкуренција на Родриго Бентанкур (Уругвај), Александар Головин (Русија), Хуан Кинтеро (Колумбија), Џордан Пикфорд (Англија), Бенжамен Павар (Франција), Муса Ваг (Сенегал) и корејскиот голман Чо Хен-у.

– За мене ова е неверојатна чест и ќе ми помогне да работам напорно и да постигнувам повеќе голови. Благодарам на сите, изјави победникот Мбапе