Роџер Федерер и Рафаел Надал ќе се соочат еден против друг по 39-ти пат, откако двајцата се квалификуваа за полуфиналето во „Мастерс” турнирот во Индијан Велс.

Швајцарецот го елиминираа Хуберт Хуркач од Полска со 6:4, 6:4, а Рафа имаше малку потешка задача против рускиот тенисер Карен Хачанов – 7:6 (2), 7:6 (2).

И двете легенди на светскиот тенис не изгубија сет од почетокот на турнирот. Тие не се сретнале на теренот во последниве 16 месеци, а актулениот баланс помеѓу двајцата е 23:15 во корист на Матадорот. Сепак, последните пет натпревари ги освои Маестро.

Дваесет и две-годишниот Хуркач отстрани тројца носители за да стигне до своето прво четвртфинале на турнир од АТП 1.000. Сепак, немаше многу шанси за неговиот идол од детството.

„Тоа беше вистинска лекција за мене. Роџер беше едноставно совршен во клучните моменти“, призна Полјакот по мечот

Самиот Федерер пак го прокоментира дуелот против својот најголемривал во кариерата во полуфиналето.

„Против Рафа ќе биде многу тешко. Тој е во добра форма и сака да игра тука. Кога е здрав, натпреварите против него се вистински тест. Не можам да сметам на фактот дека она што ми донесе успех последниот пат, ќе ми заврши работа и сега“, рече Федерер.

Во другиот полуфинален дуел ќе се сретнат со Милош Раониќ и Доминик Тим.