Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, верува дека навивачите на каталонците се против трансферот на француската ѕвезда на Атлетико Мадрид – Антоан Гризман.

Како што е познато, вчера „јорганџиите” официјално објавија дека се разделуваат со фудбалерот, додека шпанските шампиони се главните фаворити за потписот на играчот.

„Мислам дека повеќето навивачи на Барселона се противат на трансферот на Гризман, вклучително и поради неговата висока вредност, а има и други добри играчи кои можат да играат на исто ниво. Сепак, ако трансферот се случи, тогаш сите навивачи ќе го поддржат на ист начин како и со сите други играчи кои пристигнуваат во Барселона“, рече Лапорта.