Двајца навивачи на Челзи се повредени во Солун по напад на приврзаниците на ПАОК пред натпреварот на двата тима во Лигата на Европа.

Двајцата Англичани биле претепани во центарот на градот рано изутрина, но и покрај доаѓањето на брза помош, тие одбиле да одат во болница, соопшти грчката полиција. Напаѓачите брзо избегале од местото на настанот, а Англичаните не сакале да поднесат обвинение.

Минатиот месец, еден навивач на Барнли беше прободен со нож, а четворица беа претепани во меч од квалификациите за Лигата на Европа против Олимпијакос.