Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас и официјално е нов играч на калчолигашот Наполи.

За услугите на Елмас, неговиот веќе поранешен клуб Фенербахче ќе добие 16 милиони евра плус бонуси за презентацијата. Тој потпиша договор за 5 години, кој треба да му носи околу 1,5 милиони евра за сезона.

Македонскиот репрезентативец е среќен што дојде на „Сао Паоло“ и ќе може да ги покаже своите квалитети.

На Елмас му посака добредојде и првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис.