Академија Пандев денес договори соработка со Марио Маслаќ, кој ќе ја засили позицијата централен дефанзивец, соопштија од клубот.

Маслаќ минатата сезона настапуваше за ФК Беласица.

Српскиот интернационалец ја започна кариерата во Ватерник, а потоа играше уште за Борац Чачак, Војводина, Осијек и Рига.

Претходно, тимот на Академија Пандев се засили и со напаѓачот Марко Рајковиќ од Силекс.

По елиминацијата во квалификациите на Лигата на Европа, тренерот Југослав Тренчовски и раководството на клубот проценија дека на тимот му се потребни дополнителни засилувања за настап во новиот шампионат на Македонија.