Џиџи Буфон по заминувањето од ПСЖ се враќа во Јувентус каде ќе се бори за позицијата прв голман со Војчех Шчесни.
Иако се уште нема официјална потврда, италијанските медиуми тврдат дека ова е веќе завршена работа, преговорите се во завршна фаза и Буфон би требал да стави потпис на една година.
Буфон по заминувањето од Париз бил затворен по прашањето за нов клуб. Се споменуваше трансфер во Порто каде требаше да го замени Икер Касиљас, но од тоа нема да биде ништо и ќе се врати во Јувентус.
Според пишувањето на италијанските медиуми, во следните денови сè би требало да биде ставено на хартија и Буфон повторно да стане играч на Јувентус.
Comments are closed for this post.