Дуелот меѓу Франција и Србија е најнитересниоот од денешната програма на светското првенство во ракомет во Германија и Данска. Франција во првото коло го совлада Бразил и два бода, додека Србија ремизираше во дуелот со руската репрезентација.

Во останатите дуеи се среќаваат Русија – Кореа, Австрија – Чиле, Германија, Бразил, Норвешка – Саудиска Арабија и Данска – Тунис.

Во групата во која игра Македонија денеска нема натпревари. Утре нашата селекција го игра вториот натпревар против Бахреин. Македонија, Шпанија и Хрватска остварија победи во првото коло.