Бекот на хрватската репрезентација, Домагој Вида, кој во средбата против Турција го одиграл првото полувреме, е позитивен на коронавирус.

Вида беше капитен во пријателскиот меч кој заврши 3-3, а пред натпреварот не знаел дека е позитивен на вирусот.

Медицинската служба на хрватската репрезентација добила информација на полувремето дека постои еден потенцијално позитивен тест. Селекторот Златко Далиќ во тој момент реши да го замени Вида, па докторите го изолираа репрезентативецот според сите прописи.