Девојката на португалскиот ас со својот изглед покажува дека парите навистина можат да ти го купат стилот.Таа едноставно блеска и на Инстаграм секојднено се фали со новите модни изданија.
Таа е поранешна продавачка во бутик на Гучи и не помислувала дека ќе биде во врска со еден од најдобрите фудбалери во светот.
Георгина Родригез има 23 години и на Роналдо му ја исполни најголемата желба да му роди ќерка на која и го дадоа името Ален Мартин.
Георгина смета дека раѓањето на ќерката дополнително ја зацврстила нивната врска и дека уживаат во новиот дом во Торино.
Со него се чуствувам сакано, љубовта победува се. Ја пронајдов љубовта и имаме прубава врска-вели Георгина
Comments are closed for this post.