Малиот Марит од Авганистан за кого разбра целиот свет откако се сликаше со импровизиран дрес на Меси направен од хартиени кеси повторно е во центарот на вниманието.

Тој со неговата мајка се наоѓаат на удар на Талибанците кои се закануваат дека ќе го убијат. Тие среде ноќ биле принудени да избегаат во Пакистан, но за Марит најголема загуба е што во домот му останале највредните подароци, топка и дрес што ги доби лично од неговиот идол кога беше специјале гостин на „Ноу Камп“.

Целиот свет повторно се ангажира да му помогне на ова преслатко седумгодишно дете да има среќно детство надвор од виорот на војната.