Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ се согласил да потпише шестмесечен договор со италијанскиот прволигаш Милан.

Популарниот Ибра го носеше дресот на Милан од 2010 до 2012 година, и најавуваше дека сака да се врати во Италија. Останува само да се средат уште некои формалности пред договорот вечерва или утре наутро да биде потпишан, па тој од почетокот на новата година да заигра за „росонерите“.

Иако има 38 години, ветеранот Ибрахимовиќ поседува квалитет кој може многу да му помогне на Милан до крајот на сезонава, а клубот во зимскиот преоден рок ќе го донесе и Египќанецот Мохамед Елнени од Бешикташ.