Кајри Ирвинг од Бостон селтикс и Виктор Оладипо од Индијана пејсерс, приредија вистинско шоу во завршниот дел од меѓусебниот дуел на нивните тимови. Тие двајца ја преземаа одговорноста и финишот од мечот практично го претворија во лична пресметка кој ќе донесе тримф за својата екипа.

Како изминуваше времето, Ирвинг беше поблиску до тој успех, погодувајќи три тројки во последната четвртина од кои две по ред во последната минута, но на секој негов потег одговараше Оладипо, кој во последната четвртина постигна 10 поени со шут од игра три од четири.

Сепак, на самиот крај, поточно на 12 секунди до истекот на времето и при водство на Бостон од два разлика, Ирвинг утна од под самиот кош, со што му овозможи на својот ривал во контранапад да постигне тројка и да ја доведе Индијана во предност од еден поен. А, за да ја потврди својата улога во триумфот, во следниот напад Оладипо успеа и да го пресече последното додавање на „селтикси“ со што го зачува конечниот резултат од 102-101.

Резултати од синоќешните натпревари:

Индијана – Бостон  102-101

Филаделфија – Детроит  109-99

Шарлот – Кливленд  126-94

Атланта – Мајами  123-118

Чикаго – Хјустон  88-96

Сан Антонио – Њу Орлеанс  109-95

Портланд – ЛА Лејкерс  110-114

Денвер – Јута  103-88