Селекторот на Хрватска Лино Червар не можеше да ги скрие емоциите по победата над Норвешка и пласманот во финалето. Тој по ова ЕП заминува во пензија и вели дека се плашел дека ќе си замине без борба за медал но оти тоа не се случило.

-Мислев ќе се простав без медал, но сите честитки треба да одат за играчите. Тие се најзаслужни-рече Червар.