По двете победи  над Јапонија и Бахреин  за  подмладениот македонскиот национален натпреварот против Хрватска ќе биде првиот  вистински тест на Мундијалот. Доколку освоиме бод или пак победиме речиси сигурно ќе бидеме во првите 12 и ќе разигруваме за квалификации за Олимписките игри во Токио.

Селекторот на Хрватска, Лино Червар, е претпазлив пред денешниот дуел со Македонија во рамките на 3.коло Б-група на Светското ракометно првенство.

Македонците многу добро ги познавам. Сите овие играчи ги тренирав, тие сакаат да се докажат и да не победа. Играат паметно. Нема да ни биде нималку лесно. Бев селектор на Македонија и секогаш кажувам дека тоа е мојата втора татковина. Ракометот во Македонија е најпопуларен спорт. Го имаат Лазаров, Манасков Стоилов,… Мораме да бидеме претпазливи, изјави Червар.

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ пак смета дека Македонија на тактички план е многу подобра од Хрватска. Тој во колумна објавњена на index.hr, ја анализира улогата на селекторот, Раул Гонзалес, кој, како што вели, паметно го одмора најдобриот играч Кире Лазаров во одбраната, а на неговото место влегува Поповски.

Хрватскиот селектор и неговиот стручен штаб треба да решат како ќе ѝ се спротивстават на Македонија. Дали ќе менуваат во одбраната или ќе играат поагресивно. Јас на играчите секогаш им говорам дека треба да научат кога треба да трчаат, а кога да кочат. Што ни значи „брзиот центар? Значи дека сме го добиле поради тоа што сме примиле гол. Ајде да направиме да не дојде до тоа – пишува Вујовиќ.