Бугарската фан зона пред натпреварот со Македонија ќе биде на Кале.Поточно во спортската сала каде сите кои ќе допатуваат ќе спроведени во салата. Таму ќе можат и да ги подигнат билетите доколку некој не ги подигнал во својата земја.
На Кале навивачите ќе можат да останат два часа пред мечот кој започнува во 20 и 45 часот. Оттаму со полициска придружба ќе бидат спроведени на стадионот каде ќе има посебен бокс.
Веднаш по мечот се враќаат на Кале каде ќе бидат паркирани нивните автомобили и возила и ќе бидат пратени кон Бугарија.
Comments are closed for this post.