Брендиран автобус на кој пишува „Европски шампиони“ ќе ги пренесе ракометарите на Вардар од аеродромот до плоштадот „Македонија“. Тие слетуваат во 18 часот и 50 минути и околу 20 часот ќе пристигнат во центарот на Скопје.

Се очекува да се повторат сликите од 2017 година кога за првата титула беа пречекани од десетици илјади граѓани.