На точно една минута до крајот на натпреварот против Веспрем, Иван Чупиќ застана на линијата од седум метри за да изведе пенал за Вардар.

Хрватскиот ракометар беше прецизен, со што го постави резултатот на 27-24 и на сите во салата им стана јасно дека „црвено-црните“ веќе ја обезбедиле победата, а со тоа и европската титула.

Тие последни шеесетина секунди не донесоа ново тресење на мрежите, туку многу еуфорија меѓу ракометарите на Вардар, но и кај официјалните коментатори на мечот, кошто го славеа новиот шампион.