Тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино, како клучен момент за победата над Манчестер сити (1:0) во четвртфиналето на Лигата на шампионите, го посочи одбранетиот пенал од страна на голманот Лорис.

Чуварот на мрежата на „Спарс“ не му дозволи на Серхио Агуеро да доднесе рано водство за Сити со удар од 11 метри.

Игравме добро, но има уште 90 минути. Ќе ни биде многу тешко, бидејќи против нас го имаме Манчестер сити. Важен момент во победата беше одбранетиот пенал на Лорис. Тоа ни даде голема самодоверба, изјави Покетино.

Предводникот на Тотенхем се осврна и на повредата на Хари Кејн.

Голем хендикеп за нас. Се чини дека ја има истата повреда на глуждот како и претходниот пат. Тој може да го пропушти остатокот од сезоната. Се надеваме дека нема да биде толку сериозно.