Бразилскиот селектор Тите по нерешените 0:0 со Венецуела во Купот на Америка, се осврна на отсуството на Нејмар.

Најскапиот фудбалер на планетава е принуден да го пропушти турнирот поради повреда.

Најпрво морам да им се извинам на навивачите, бидејќи тимот не создаде доволно шанси. Јас ги разбирам нивните свирежи. Што се однесува за отсуството не Нејмар ќе кажам дека тоа е голем хендикеп за нас. Нејмар е е меѓу првите тројца играчи. Му посакувам брзо закрепнување. Но, ние треба да играме подобро без оглед на неговото отсуство, изјави Тите.

Бразил по две кола има четири бода во А-групата на Копа Америка.