Екипата на Црвена звезда нема да смее организирано да ги носи своите навивачи на првите две гостувања во Лигата на шампионите, против ПСЖ на 3. октомври и против Ливерпул три недели подоцна. Истовремено, клубот ќе треба да плати и казна од 30 илјади евра.

Таква е одлуката на дисциплинската комисија на УЕФА, којашто ја изрече таквата казна поради однесувањето на навивачите на „црвено-белите“ на мечот со Салцбург,одигран во Австрија, кога Црвена звезда го обезбеди местото во елитното друштво.

По завршувањето на тој меч, „делиите“ влегоа на теренот за да го прослават пласманот во Лигата на шампионите заедно со играчите на тимот, но делегатот на средбата навел и оштетување на столчиња на „Ред Бул Арената“, како и фрлање тврди предмети на теренот, како и палење пиротехника.

MEČ DECENIJE: Slavlje Delija

???

Posted by MONDO Sport on Wednesday, August 29, 2018